669
Премиерот Зоран Заев денеска објави дека 1 милион граѓани ја завршиле својата обврска и се попишале.
-Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години.
Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина.
Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика.
Ти си повеќе од бројка. Учествувај. Попиши се!, напиша Заев на фејсбук.