Заев: Телеграм конечно презеде чекор, имаме уште многу работа во искоренување на ова зло

by fokus

Имаме мал, но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер.

– Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша Заев.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претходно вечерва објави на фејсбук дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.

Поврзани новости