918
Имаме мал, но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер.
– Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша Заев.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претходно вечерва објави на фејсбук дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.