Заев: Тапкавме во место 11 години, доста беше!

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот профил порача дека не е време за нови поделби и кавги, додавајќи дека нашата земја мора да оди напред.

„Ние носевме одлуки оти народот ни дал доверба. 11 години тапкавме во место, доста беше. Светот оди напред, тие уште сакаат нови поделби и кавги дома, па и со соседите.

Се здруживме, го изградивме концептот едно општество за сите, за да нема никакви конфликти во државата. Само така, здружени, можеме  да продолжиме да чекориме по правиот пат“, вели тој во својата објава.

Поврзани новости