Заев: Судовите сами ќе ги увидат грешките, не чувствувам одговорност за бегството на осомничените за криминални афери

by fokus

Не се мешам во ингеренциите ниту на Парламентот ниту пак на судовите, но сметам дека реформите во судството се неминовни, изјави премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали се чуствува одговорен за бегството на дел од осомничените за криминални афери.

„Судовите самите ќе ги видат грешките што ги направиле при одлуките за одредени притвори, а парламентот низ своја постапка треба да дојде до одуката за разрешување на Зврлевски. Нема зошто да чувствувам одговорност за нешто што јас го отворив како лидер на партија и се залагам за итни реформи во судството, немам намера да се мешам во работата на судовите околу носењето на одлуките, ниту пак на Парламентот кој расправа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски“, рече Заев.

 

Поврзани новости