697
Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека цената на струјата нема да се покачи до крајот на годината. На прашањето дали Владата всушност ќе го субвенционира зголемувањето кое го бараат енергетските компании, Заев истакна:
-Ние всушност го субвенционираме со намалување на ДДВ од 18 на 5% и таа разлика останува на ЕСМ, со конечна цел да ги заштитиме граѓаните. Зошто периодот е период на ковид кризата. Првата интервенција е намалување на ДДВ. Од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година ќе биде 5 проценти, потоа од 1 јули 2022 до 1 јули 2023 година, таа ќе биде 10 проценти, а од 1 јули 2023 година се враќа на 18 проценти, истакна Заев.