Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција за 18-тата бомба објави листинг на пратеници, кои гласале во Собрание за амнестија на хашките случаи. Според Заев, првата полицајка Гордана Јанкулоска се појавила на седницата, но не гласала, додека министерот за финансии Зоран Ставрески воопшто не се појавил на седницата.
– Груевски на овој начин покажа, колку е голем манипулатор на политичката сцена. Тој ова го правел од лични интереси и да го заштити личниот рејтинг. Гледаме дека свеста кај народот се дига и затоа е време да ставиме крај на владеењето на Груевски и фамилијата и да си го вратиме достоинството и слободата – истакна Заев.
Тој додава дека за време на велигденските празници нема да објавува никакви докази, бидејќи се работи за голем христијански празник.