726
Македонија ќе добие помош од Србија во снабдувањето на вакцини против корона вирусот, истакна премиерот на земјава, Зоран Заев денеска пред новинарите.
Тој ја поздрави одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ за помошта, што според него е добар знак на солидарност.
„Бараме поддршка да ни дадат помош за вакцините. Од февруари пристигнуваат вакцините и кај нас. Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8 илјади вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, истакна Заев.