Заев, Спасовски и Николовски на чествување на Успение на Пресвета Богородица во Крива Паланка

by fokus

Со Божествена литургија со која богослужеше митрополитот Кумановско-осоговски г.Јосиф во храмот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка почна чествувањето на денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

На литургијата присуствуваа и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, бројни верници.

По литургијата беше осветена и реконструираната костурница под камбанаријата.

Утринска света литургија се одржа и во соборниот храм „Св.великомаченик Димитриј“по што се одржа Литија посветена на Св.Јоаким Осоговски. Литијата низ главната улица се движеше до црквата „Св.Богојавление“ пред општината.

Чествувањето продолжува вечер со вечерна богослужба во 18 часот во манастирот, а утре ќе се одржи света божествена литургија по повод чествување на патрон-светецот, со која ќе чиноначалствува архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан

Поврзани новости