780
Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра кандидатот за технички премиер и останатите членови кои ќе ја пополнат техничката влада.
Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите рече дека технички премиер ќе биде Оливер Спасовски, а вицепремиер за економски прашања, Мила Царовска, додвајќи дека одлуките биле донесени едногласно.
На местото на Спасoвски, како дополнителен министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска, а на местото дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ќе биде досегашниот шеф на кабинетот на Царовска, Санела Шкриељ.
Премиерот Заев истакна и дека одложување на изборите нема да има и дека тој на 3 јануари ќе ја достави својата оставка.