607
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев верува во победа со повеќе од 61 пратеник на предвремените парламентарни избори на 12 април.
Тој се осврна на тригодишното владеење на неговата парија и како што рече, успесите кои ги постигнале на меѓународно но и локално ниво.
„Изминатите три години донесовме паметни и тешки одлуки. Денеска АРМ е дел од најмоќниот планетарен сојуз. Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО. Тоа носи и повеќе пари за граѓаните, а придобивките од членствто во НАТО не завршуваат. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. На ред е ЕУ да ја исправи грешката и да започне преговори за членство. Потребно е да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки. А, со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 годинио“, истакна Заев.