Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од утре ќе оди на одмор. Тој за “Фокус” ја потврдува информацијата, а од СДСМ претходно информираа дека владината коалиција ќе биде формирана по Илинден.
-Со семејството ќе одмараме неколку дена, изјави Заев за “Фокус”, без да ја открие летната дестинација.
Со оглед на ситуацијата со корона кризата и лидерот на СДСМ може да летува на некое од туристичките места во земјава или можеби Албанија, со која границите ни се отворени.
По враќањето, Заев ќе треба да се посвети на дефинирање на владината коалиција.
-Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија. Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите.
После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ, информираа од СДСМ.
В.В.