Резултатите од најновата анкета на МЦМС и Телма покажуваат дека најголем дел, 12,4 отсто на претседателската функција го гледаат премиерот Зоран Заев.
Потоа со по 8,2% следуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Четврти на листата со 6,8%, е Стево Пендаровски, само три проценти поени на петтото место има Бујар Османи, додека Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка има поддршка од 5,8%.
Потоа следуваат – Теута Арифи – 3,4 %, Тања Каракамишева – 2,7% , Гордана Силјановска и Трајко Славески со по 2,4 отсто. Толку има и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска – 2,4%. Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4% од анкетираните.
Но, речиси 19% – идниот претседател не го гледаат во ниту еден кандидат и дополнителни 14,9% – се уште не одлучиле.