746
Премиерот Зоран Заев попладнево изрази сочувство до семејството на Амди Бајрам, за кого рече дека имале принципелна соработка.
-Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам.
Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба.
Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја.
Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите, напиша Заев.