Заев: Снимката која беше објавена ја снимил Александар Верушевски, на ручек во Струмица

by fokus

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски, на ручек во ресторан во Струмица, одговори денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање, кој е другиот соговорник од снимката.

-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил, така правел, рече Заев.

 

Поврзани новости