496
Премиерот Зоран Заев, испрати порака на сочувство за ненадејната смрт на актерката Билјана Беличанец, која почина синоќа, одземајќи си го животот.
„Скршени сме од веста што пристигна денеска за трагичното заминување на Билјана Беличанец.
Јавноста е во тага и неверување што меѓу нас не е веќе една од најмаркантните театарски актерки која животот го посвети на публиката и на граѓаните.
Не постојат зборови за утеха освен искреното и длабоко сочувство со болката.
Нека е вечно сеќавањето на Билјана“, напиша Заев на фејсбук.