Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

by Fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес напиша дека 26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани.

-57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје. Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден, напиша Заев.

Скопје, како што пишува лидерот на СДСМ, се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.

-Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност!, пишува во објавата на Заев.

Поврзани новости