664
Премиерот Зоран Заев и македонската делегација во состав од шефот на дипломатијата, Бујар Османи, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пристигнаа на Самитот на НАТО во Брисел, каде првпат ќе учествуваме како полноправна членка. Во однос на средбата со бугарскиот претседател Радев, Заев рече:
„Сите средби за нашата земја донеле бенефит. Од разговорите можеме да исчекуваме само исчекори кон подобра иднина за целиот македонски народ, за сите наши граѓани, за нашата земја. Јас очекувам дека низ разговори можеме да најдеме решение затоа што навистина е предолго. Верувам дека Република Бугарија, конечно ќе даде поддршка да го направиме следниот чекор“, истакна Заев.