На состанокот, како што соопшти владината прес служба, заеднички е изразена надеж дека со креативен пристап е можно одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ за време на португалското претседателство. Како важна се толкува пораката што на овој начин ќе ја прати ЕУ до земјите од Западен Балкан, дека останува фокусирана на проширувањето.
На средбата е заеднички оценето дека функционален Парламент е од полза за граѓаните и за напредокот на државата, поради што е потребна конструктивност од сите политички субјекти.
Премиерот Заев изразил благодарност до Република Италија и до ЕУ за солидарноста околу вакцините. Заеднички е констатирано дека солидарноста е еден од клучните начини за справување со последиците од пандемијата, што е во полза на сите.