541
Премиерот Зоран Заев на синоќешната тринина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски, рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сугестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија.
– Си дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе таму претседател. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска – рече Заев пред присутните граѓани.
Премиерот Заев на чело на Советот за реформи застана пред една година кога на редовната 57-ма седница, Владата го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022.