Премиерот Зоран Заев го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.
Тој додаде дека мора да се заврши борбата за правдата и правна држава и нема да се повлекување.
Го повикувам и Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите. Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?Нема компромис со криминалот. Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!
Publiée par Zoran Zaev sur Mercredi 18 décembre 2019
„Го повикувам и Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите. Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?
Нема компромис со криминалот. Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.