Заев се видел со Црвенковски

by Фокус

Денеска се сретнале претседателот на СДСМ Зоран Заев и неговиот претходник Бранко Црвенковски, информираат од партијата.

Како што велат од СДСМ, на средбата била разгледана демократската дебата пред, за време и по 18-от Конгрес.

„Заеднички беше заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохензија на сите загрижени за состојбите во Македонија.Нема непријатели внатре во СДСМ, постои едно зло што и нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сите сили треба да се насочат кон доброто на Република Македонија, заклучија претседателот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател Бранко Црвенковски“, стои во партиското соопштението.

Поврзани новости