Заев: Се уште жалиме за младите луѓе кои ги загубија животите во униформите на ЈНА

by fokus

Нашата земја во периодот кога се осамостојуваше за среќа помина без оружени конфликти, а моето лично мислење за рефередумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, истакна премиерот Зоран Заев на трибината „Патот до незавсиноста“ што на негова иницијатива денеска се одржа во Владата по повод 30-годишнината од независноста.

На трибината, на која учествуваат и дел од директните учесници во политичките случувања од тоа време, Заев рече дека во тој турбулентен период на глобалната и регионалната политичка сцена, било очекувано настаните да бидат проследени со немири и вооружени конфликти, но оти во земјава таквите воени судири биле избегнати.

– Тие години во нашата земја се тесно поврзани со глобалната и регионалната политичка сцена од крајот на крајот на 80-тите како на пример падот на Железната завеса и распадот на Југословенската Федерација. Во такви околности сосема е очекувано настаните да бидат проследени со сериозни тенденции за турбулентен развој на процесите и настаните, па дури и со немири и оружени конфликти. За среќа, нашата земја во тој период помина без оружени конфликти. Секако, се уште жалиме за младите луѓе кои во тие години ги загубија животите во униформите на ЈНА, истакна Заев.

Поврзани новости