658
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини. Таа денеска соопшти дека на вечерата со балканските премиери ќе разговара за иднината на сорабоката помеѓу регионот и ЕУ.
ЕУ се загрижена поради порастот на националистичкиот говор на Балканот, особено кога тој доаѓа од високи политичари. Па така една главните причини за оваа покана е како балканските лидери да најдат начин и да научат дека не треба да разменуваат националистички пораки.