706
Премиерот Зоран Заев денеска во Њујорк ја оствари првата средба со претседателот на Владата на Грција, Кирјакос Мицотакис.
-Република Северна Македонија е максимално фокусирана на градењето меѓусебно партнерство засновано на пријателство и заеднички интерес, во интерес на граѓаните на нашите две земји. Подготвени сме за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Грција и Северна Македонија. Беше изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отварање на преговори со ЕУ. Заклучивме и дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од наша голема взаемна корист, напиша Заев.