Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил објави дека се сретнал со Јана Рејтер, добитничка на младинската награда на Вестфалија за нејзините заложби со „Plant for the Planet“.
-Често велиме дека нашите храбри дела ги правиме за да им оставиме иднина на младите и за да ги инспирираме да градат пријателства. Но, уште поубаво е кога и младите нѐ инспирираат нас со нивните дела за иднината. Ми беше драго да ја запознаам Јана Рејтер – добитничка на младинската награда на Вестфалија за нејзините заложби со „Plant for the Planet“, напиша премиерот Заев.
Претпладнево во 11:00 часот ќе почне церемонијата по повод врачувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, на премиерот Заев и на поранешниот премиер на Грција Ципрас.
Како што соопшти Владата, церемонијата може да се проследи во живо на Фејсбук страницата на премиерот Заев.