Заев се сретна со естонскиот премиер: Европскиот Совет во октомври е од суштинска важност за Македонија

by fokus

Премиерот Зоран Заев, во придружба на заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари средба со премиерот на Естонија Јури Ратас.

На средбата двајцата премиери ги истакнале пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за нивно интензивирање со проширување на соработката на повеќе планови.

-Премиерот Заев му се заблагодари на естонскиот премиер за поддршката и за потпишувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членство во НАТО. На средбата заеднички беше оценето дека самитот на Европскиот Совет во октомври е од суштинска важност за Северна Македонија кога се очекува да бидат исполнети ветувањата за датум за старт на пристапните разговори, и дека Естонија ќе продолжи со поддршката за Северна Македонија во оваа насока. Двајцата премиери се согласија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во реформите дома, како и напредок во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во ЕУ, како резултат на одличната соработка со европските институции, соопштија од Владата.

Поврзани новости