Заев се пофали со растот на транспарентноста

by fokus

Активната транспарентност на министерствата, Владата и општините е зголемена за 18 проценти од 2016 година, според најновите податоци на извештајот за „Индекс на активна транспарентност 2021 година” на Центарот за граѓански комуникации, така што вкупната активна транспарентност за 2021 година изнесува 63 проценти, за разлика од 2016 кога била 45 проценти, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.

„Транспарентноста е еден од главните постулати врз кои се темелат политиките на Владата и има важна улога во борбата против корупцијата. Ме радува тоа што политиките во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати, а тоа се нотира во релевантните извештаи“, истакна Заев.

Поврзани новости