Заев се огради од проблемите на поранешните вработени на ОХИС: Тоа си е работа на судот

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција за ребалансот на Буџетот рече дека нема предвидено пари за исплата на неисплатените плати на поранешните вработени во компанијата во доминантна државна сопственост, ОХИС, бидејќи компанијата е во стечај кој го води правосудната власт.

-Таму станува збор за стечајна постапка која си ја води Судот. Владата не планира да се меша во работата на правосудната власт, стечајни управници и слично. Не сакаме да им наложуваме на судии како да работат, рече Заев.

Тој додаде дека тие како Влада апелираат да се реши овој проблем. Инаку, на поранешните вработени во ОХИС не им се исплатени 24 плати. Кога компанијата влезе во стечај, беше во доминантна државна сопственост.

Поврзани новости