Мандатарот Зоран Заев, вечерва еден час пред полноќ, непосредно пред гласањето за новата Влада, се обрати од собраниската говорница.
-Се обврзуваме чесно и одговорно да служиме, за да имаме подобра перспектива за нашите деца. Ќе работиме за уште поквалитетно здравство. Ќе бидиме сервис на сите граѓани.
Сега сите соседи ни се пријатели. Сега сме членка на НАТО и имаме почеток на преговорите за ЕУ. Ќе имаме институции и држава со која сите ќе се гордеете, рече Заев.
Тој додаде дека целосно ќе се посветат на економијата.
-Претстои стабилен политички период. Сакам да испратам повик до младите, не заминувајте во странство. Зграпчете ја секоја можност дома, да работиме заедно, рече Заев.
Најавувам брза и навремена поддршка на најсиромашните, додаде мандатарот.
-Правниот систем е најсерозната обврска пред нас. По пат на прочистување на судството, ќе создадеме правичен систем. Законот мора да важи еднакво за сите, рече Заев.
Тој и се обрати и на опозицијата.
-Ќе сторам се за да имаме соработка, за да подобро им служиме на граѓаните, рече Заев.
Тој им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
-Ветуваме храброст, мудрост и чесност, заврши Заев.