Заев: Се надевам дека тестовите ќе бидат негативни

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот фејсбук-профил информираше за неговата здравствената состојба и на неговото семејство.

Тој истакна дека мора и понатаму сите да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките на надлежните институции.

„Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски. Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките“, напиша Заев на својот профил.

Поврзани новости