Заев се надева наскоро на заедничка литургија меѓу македонската и бугарската црква

by fokus

Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.

– Во рамки на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние веќе се договоривме дека ќе ги поддржиме сите натамошни активности што ќе придонесуваат кон продлабочување на соработката. Се надевам дека во многу скоро време ќе имаме заедничка литургија во нашата држава, но и во Бугарија – рече Заев.

 

Поврзани новости