Заев се качи на столче за да направи селфи

by fokus

Откако заврши трибината во Охрид, премиерот Зоран Заев видно расположен, со цел да направи успешно селфи со подмладокот на СДСМ – Охрид, се качи на столче за да се слика со телефонот.

Заев во Охрид ја посети и германската компанија Костал која се наоѓа во Охрид, каде што на роботниците им се исплаќа нето плата од 495 евра.

Таа компанија досега инвестирала 29 милиони евра и токму таму работат 350 луѓе.

Заев посочил дека Костал во Охрид работи три години и има просечна бруто плата од 730 евра, односно нето платата е безмалку 500 евра што е амбиција на Заев за сите граѓани и ветување кое беше дел од изборната кампања.

Постојни клиенти на Костал според кажаното се БМВ, Дајмлер, Порше, Тесла и Ролс Ројс а од годинава, како што се посочува, „Костал“ ќе изработува и проекти за Ауди, Фолксфаген, Сеат и Шкода.

Поврзани новости