По завршување на денешната средба на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на заедничка прес конференција лидерите соопштија дека се договориле за заедничка владина коалиција.
-Денеска заедно со Али Ахмети имавме успешна работна средба на која ја потврдивме рамката за идната владина коалиција. Постигнат е договор за нова коалициска влада. Овој договор ќе биде презентиран пред највисоките одгани на СДСМ и ДУИ, во текот на денешниот и утрешниот ден. СДСМ тоа ќе го направи и пред коалициските партнери на СДСМ.
Брзиот напредок во преговорите ни беа важни за брзо ставање во функција на институциите, за брзо справување со Ковид-19.
Владата ќа ја предводам јас, како нејзин премиер, истакна Заев.
Кадровската понуда ќе се води од принципите за еднакво општество за сите и еднакво учество на мажите и жените. Нема да се предлагаат министри без ресор со исклучок на вицепремиерите. Платите ќе растат и ќе се вложува во нови работни места, регионален развој, привлекување на странски инвестиции. Ќе водиме неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа, ќе се спроведе прочистување на судството и проверка на парите и капиталот на секој функционер според најдобрите европски практики. Ќе се работи на тоа да се намалат привилегиите на функциионерите. Заштитата на животната средина ќе биде еден од врвните приоритети на владата., а Заев и Ахмети се согласиле и на политики кои значат зајакнување на инспекциските служби и повисоки казни за загадувачите.
Меѓу приципите, Заев го спомна и укинувањето на Пржинската влада, промена на изборниот модел, намалување на администрацијата за 20 проценти и сите вработени по Рамковниот договор да тргнат на работа во наредните шест месеци. Според него, во Собранието законите ќе се поднесуваат заеднички со претходна координација и ќе има утврден ден за нивно поднесување.