Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со своето обраќање го отвори партискиот Конгрес. Заев порача дека СДСМ ќе памети дека се што постигнала го направила заедно со граѓаните и дека сега ќе се посвети на домашните работи.
-Шириме дух на пријателство на нашите соседи. Денес гордо зборуваме за една понапредна држава, Република Северна Македонија. СДСМ ја донесе новата реалност, нашата земја е пријател со своите соседи, сите странски дипломати зборуваат во суперлативи за земјата.
СДСМ ќе знае и памети дека сето тоа го направи заедно со граѓаните. Заедно ја движиме нашата земја во правец во кој сите посакуваме. Не прифатија како Македонци со свој јазик и идентитет и заедно со сите граѓани Албанци, Бошњаци, Роми, Срби кои се дел од нашата држава. Веќе нема пречки, време е за нови потфати. Сега целото време го посветуваме за домашните работи. Секој наш граѓанин без разлика на партиската припадност или неприпадност треба да ги почувствува придобивките, и заедно да работиме за нив, рече Заев.