Заев: Само Милошоски е поголем бандит од Николоски, Дурловски ќе не убиеше за 200.000 евра

by Фокус

Времето на национализам и лажен патриотизам е завршено. Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на пратеничката листа во 4 ИЕ.

-Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски, не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот – рече Заев на трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на Универзитетот ФОН.

Тој посочи дека ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи, како што рече, тие се партијата која 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.

– Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николоски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството – истакна Заев.

Поврзани новости