Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека СДСМ е за одржување на избори во првиот можен рок, бидејќи доколку не се одржат тогаш, никој не може да каже дали ќе има нов бран на корона вирусот.
-Ние можеме да си правиме планови за избори, но доколку здравствената ситуација тоа не го дозволува, тоа ќе си останат само планови и готово. Но, како одговорни политичари ние прво треба да ги кажеме нашите ставови. Дали сме за избори порано или покасно. Еве ние сакаме порано. Зошто? Затоа што никој не може да каже кога ќе се јават наредни бранови на корона кризата. Светот дискутира за тоа. Велат може да има следен пик во септември. Дај Боже да нема, но што доколку има? Комплетните уставни рокови од четиригодишен мандат истекуваат во декември. Тогаш ќе влеземе во уставна криза, за ситуација која Уставот не ја разработил. Затоа сме за тоа дека треба да се фати првиот можен период за избори. Владата одлично ја води состојбата. Но, тоа јас така мислам. Што доколку граѓаните не мислат така?, вели Заев.