Ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ја претстојната посета на шефот на грчката дипломатоија, Никос Коѕијас.
-Ова се следни чекори за приближување кон решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставно име – верувам дека тоа е можно да се најде, оптимист сум ако водиме сметка за достоинтството и идентитетот. Верувам дека може да се направи исчекор, можеби не до крај да се реши, но секако да се приближиме зашто деновите и месеците се трошат, а ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем. Верувам дека тоа сака да го направи и грчката страна, изјави Заев.
Kоѕијас во Македонија треба да пристигне во четврток и се очекува да има средби со министерот Поповски, премиерот Заев, како и се претседатаелот Иванов.