Во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан, истакнале македонскиот премиер Зоран Заев и холандскиот премиер Марко Руте, на денешната средба на Илинденска.
„На средбата беше констатирано и беше истакнато дека процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Северна Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ“, информираа од Владата.
Воедно, Заев го информирал Руте за иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која, според него, има цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки. Руте, пак, додал дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот.