Руската федерација треба да знае дека за Македонија нема алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешнта заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на новинарско прашање за реакцијата од руското МНР во врска со изјавите дека руски бизнисмени се вмешани во протестите во Македонија.
Заев додаде дека и понатаму цел на Македонија е да ја унапреди соработката со Русија.
-Ние сме мала земја, со пријатели ќе не биде, тоа го докаавме со соседите тоа го правиме со сите земји во светот. Затоа е денеска важен историски момент, почнуваме скрининг процес. Радосен усм и благодарен што Хан и неговиот тим го посветија времето за наша владина седница. Македонија го чека ова од 2005 година. Треба да ни биде мотивација овој момент за сите во општеството – изјави Заев по владината седница на која присуствуваше и Хан.
На седницата, како што рече тој, Хан го претставил начелниот план за текот на скрингот. Владата, пак, донела заклучоци, за главен преговарач да го назначи Бујар Османи, а за негов заменик и технички преговарач Бојан Маричиќ.
-Преговорите се историска задача за институциите и на целото општество. Овој државен приоритет ќе го предводи Владата, но ќе учствува Собранието, опозицијата, судсството, медиуми и граѓаните. Последната делница на патот до ЕУ денеска е јасно обележана. Македонија оди напред – порача Заев.