614
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски го обвини дека тој го поддржал случајот „Рекет“, каде според него, станува збор за класичен поткуп.
-Законот за јавно обвинителство се блокираше томку поради случајот „Империја“. Сега добро гледаме дека станува збор за поткуп, добро организиран и осмислен, поддржан и од господинот Мицкоски да се спороведе преку Орце Камце, Кичеец, Бојан Јовановски и Катица Јанева. Се работело за финансирање на кампањата, за пари. Можеби е и за лични пари. Станува збор за поткуп, не за рекет. Јас ќе го разберев блокирањето на законот доколку сакаа да ги спасат луѓето кои беа изманипулирани за 27 април. Но за пари, заради партија, тоа не можам да го разберам, рече Заев.