862
ДУИ сака само партиско-политички калкулации, тоа е поената на нивниот предлог за премиер Албанец, рече во вечерашното гостување во „Клик плус“ претседателот на СДСМ Зоран Заев.
-ДУИ ги потценува граѓаните со ваквиот предлог. Тие не го кажуваат името на нивниот кандидат и нема ни да го кажат. Ако го кажат името, знаат дека ДУИ не може да ги повика сите албански партии заедно. Ете го господинот Дестани демантираше дека тој сака да биде нивен кандидат – посочи Заев.
Тој рече дека редно време е ДУИ да замине во опозиција после изборите, истакнувајќи дека тоа е здраво и за партијата и за државата.