Заев: Разликата меѓу СДСМ и ВМРО е огромна

by Фокус

Имавме храброст да ги решиме сите досега отворени прашања, ама покажавме дека сме и патриоти, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на митинг во Росоман.

-Го заштитивме и македонскиот јазик и македонскиот идентитет, признаени сме од целиот свет, сме земја членка на НАТО, европски и економски исправена. Платите и пензиите растат. Сите плати за најмалку 6.000 денари се покачени за четири години, а само во последните шест години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа 1.740 денари. Минималната плата од 9.000 денари ја покачивме на 15.200 а веќе од 1 јануари ќе ја покачиме на 18.000 денари, директно со поддршка и помош на компаниите, за да може да ги издржат платите – рече Заев.

Тој додаде дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО е огромна, поради што, според него, во Росоман во вториот круг ќе победат со над 500 гласа разлика.

Поврзани новости