Заев, Рама и Вучиќ утврдија декларација: Отворен пазар, заеднички царински контроли, патување со лична карта

by Фокус

Премиерот Зоран Заев заедно, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Охрид ја утврдиле декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка.

Како што информираат од владата, во основата на декларацијата се соработката, заедничкиот ангажман и елиминирањето на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварување на заедничката крајна цел – полноправното членство во ЕУ.

Во таа насока, се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли, да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.

Воедно, со декларацијата се најавуваат можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативите во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој.

„Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација“, велат од Владата.

Поврзани новости