Министрите на ДУИ биле прислушувани додека разговарале со нивните колеги министри и влијателни луѓе од Тирана и Приштина, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за албанската телевизија „Топ Чанел“.
-Тој материјал нема да го објавиме, бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји.Наши министри биле предмет на прислушување, но, тие разговарале со своите колеги во Приштина и во Тирана. Разговорите биле прислушувани, но тие се дел од таа историја и ова е лошо, прво за мојата земја, која дозволила такво нешто, изјави Заев во интервјуто.
Лидерот на СДСМ истакна и дека допрва ќе бидат објавени нови снимки на прислушувани разговори за сериозни злоупотреби на изборите и државнито буџет, како и криминал што, според Заев, ќе предизвика големи дебати во јавноста.
– Прислушувните разговори на некои владини претставници откриваат злосторствата извршени против оние кои не се во власта, како и нивните семејства. Едно нешто сум сигурен – оваа влада ќе си оди и е само прашање на време кога ќе се случи такво нешто, изјави Заев.