Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, не верува во информациите кои се појавија дека некогашниот премиер Бранко Црвенковски ќе формира своја политичка партија. Заев ги упати новинарите за тоа да го прашаат Црвенковски, иако не верува дека тој ќе си дозволи да ги дестабилизира институциите во државата.
„Претседателот Црвенковски не може да биде ништо друго освен основач на СДСМ и затоа не верувам во вакви приказни дека тој ќе формирал нова партија. Тоа ни е јасно на сите и не е точно, но дефинитивно треба да го прашате него. Тој е еден од основачите на СДСМ беше премиер, претседател наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта“, одговори Заев на новинарско прашање.