Заев: Предлогот за новата Влада ќе биде доставен штом се изберат потпретседателите на Собранието

by Fokus

Лидерот на СДСМ и мандатар за составување на влада, Зоран Заев денеска изјави дека предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието.

-Прво Парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парламентот и уште некои други одлуки, а исто така, треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до Парламентот, изјави Заев за ТВ21.

Тој одговори потврдно на прашањето дали станува збор за пратеници кои се следни на листата на пратеници, откако некои беа предложени за министри.

Поврзани новости