441
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со кој се предвидува забрана за објавување на бомби, но и бришење на веќе објавените од сите медиуми, е катастофа и претставува цензура.
-Има недозволиви работи, какошто некои од луѓето коишто реагираа во јавноста, непостоечки дури и во најголемите режими или во општества во коишто не се дискутираат никаде во светот. Точно е дека порано се разговараше во делот на работните групи за во идниот период, кога ќе разгоавраме за правосудството, посебно регулативата околу свиркачите, т.н. whistle blowers, да биде регулирана и оваа материја од проста причина што можно е во иднина да има злоупотреба на приватноста на разговорите на граѓаните, пред се, изјави Заев.