584
Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
„Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, што е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите“, рекол Заев.
Според владиното соопштение, премиерот разговарал со Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст.