Заев: Пред судот како странки во постапката подеднакви се и одбраната и обвинителството

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска апелираше да има соработка и меѓусебна почит на сите чинители во правосудните постапки, притоа порачувајќи дека и одбраната и обвинителството како странки во постапката се подеднакви пред судот.

Одговарајќи на новинарски прашања за актуелните случувања во правосудството, Заев повтори дека она што го очекува се ефикасни и транспаретни постапки.

– Граѓаните сакаат резултати. Кога има нетрпение меѓу судот и обвинителството, тоа граѓаните непријатно го доживуваат и затоа реагираат. Апелирам да има соработка. Подеднакво пред судот како странки во постапката се и одбраната и обвинителството. Треба да се знаат истанците кој како е поставен во општеството, но секако да се има и меѓусебна почит за работата на секој од чинителите во правосудните постапки, порача Заев по средбата со претставници на Европската конфедерација на сидникати и на ССМ.

Додаде дека она на што ќе останат посветени ќе биде зајакнувањето на правосудството, неговата независност, ефикасност и транспаретност.

Поврзани новости